Точно 36 кинески воени авиони се откриени околу Тајван во последните 24 часа, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана, додавајќи дека тоа е најголемото распоредување забележано оваа година, пренесува Бета, повикувајќи се на АФП.
„13 авиони ја преминаа средната линија на Тајванскиот теснец“, соопшти Министерството, алудирајќи на демаркацијата меѓу Кина и Тајван, која Пекинг не ја признава.
Во последните 24 часа, Министерството на Тајван откри шест воени бродови кои пловат околу островот.
Тајванските власти синоќа соопштија дека откриле 20 борбени авиони, беспилотни летала и транспортни авиони.
Постизборни активности
Тајван е автономен остров за кој Пекинг тврди дека е дел од неговата територија и сака да го врати назад.
Кина го засили воениот и политичкиот притисок врз островот по изборот на претседател Цаи Инг-вен во 2016 година. Таа не ги призна барањата на Кина за островот.
Бројни активности беа забележани непосредно по претседателските избори на 13 јануари годинава, на кои победи актуелниот потпретседател Лаи Чинг-те, на кој официјален Пекинг не гледа благонаклонето.