Тајван во средата објави дека 43 кинески воени авиони биле забележани околу островот во последните 24 часа, пренесува Бета повикувајќи се на АФП.
Според соопштението на тајванското Министерство за одбрана, забележани се вкупно 43 кинески авиони и седум бродови.
37 авиони ја минале демаркационата линија, се додава во соопштението.
Борбени авиони и бомбардери
Во текот на изминатата година, Пекинг ги засили воените активности околу Тајван, кој го смета за своја територија.
Според локалните медиуми, бродови и авиони биле забележани помеѓу 06:00 часот во вторник (по локално време) и 6:00 часот во среда.
Меѓу откриените авиони се шест Су-30, 16 борбени авиони Шенјанг Ј-16 и четири Ченгду Ј-10, потоа четири бомбардери Ксиан Х-6, како и извидувачки авиони, авиони за дотур на гориво и беспилотни летала.