Тајван планира да го удвои својот годишен капацитет за производство на ракети до приближно 500 оваа година, наведе тајванското Министерство за одбрана во најновиот извештај.
Овој потег доаѓа како дел од напорите на Тајпеј да ја зајакне сопствената борбена моќ во услови на, како што тврди Кина, растечка воена закана, според Ројтерс.
Минатата година, Тајван одобри дополнителни воени трошоци од 240 милијарди тајвански долари (8,6 милијарди американски долари) во следните пет години, бидејќи тензиите со Кина, која тврди дека има право на островот, достигнаа рекордно ниво.
Тајванското Министерство за одбрана во неодамнешното соопштение рече дека дополнителните трошоци вклучуваат планови за зголемување на годишниот капацитет за производство на ракети на 497 од сегашните 207, и дека тоа се тајвански проектили земја-воздух Ван Чиен и надградена верзија на ракетата МИО“.
Министерството, исто така, планира да започне со производство на „нападни беспилотни летала“ со годишно производство од 48 такви авиони.