Можеби на личните блогови и на профилите на социјалните мрежи изгледаат како да имаат совршен живот, но оредени блогерки кријат големи тајни.
Поради тоа кога следниот пат ќе помислите дека би сакале да сте на нивно место, сетете се на следните тајни кои ги кријат богатите блогерки и инфлуенсерки.
Некои од нив немаат дом
Алиса Рамос која стои зад профилите @mylifesatravelmovie и @alyssaramostravels открила дека нема постојан дом. Таа профилите ги води за патувањата и цело време е некаде. Ако сака да се скраси на подолг период изнајмува сместување преку Airbbnb.
Ги уредуваат фотографиите до непрепознатливост
Одредени инфлуенсерки на Инстаграм ги уредуваат фотографиите со филтри и ефекти дури и по половина час. Тие користат и филтри кои ги има самиот Инстаграм, но и дополнителни како апликациите VSCO или Snapseed.
Така многу е веројатно дека она што ќе го видите на Инстаграм има многу поинаква форма и боја во реалноста.
Заработуваат големи суми на пари.
Многу инфлуенсери и блогери помагаат на брендовите да ги пласираат своите производи и да „влезат под кожа“ на потрошувачите.
Одредени имаат договор со компанија на месечно ниво, додека други наплаќаат за секоја поединечна објава.
Нивните одмори всушност се составен дел од патувањето
Дури и кога патуваат, тие мора да одговараат на пораките од заинтересираните клиенти и да се посветат на тоа што подобро да ја реализираат побарувачката.
Ако излегуваат на пијалак или на вечера, мора да го испланираат секој детал, за да добијат објава која ќе привлече внимание на потенцијалните потрошувачи. Најчесто се случува тешко да одржуваат баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот.