ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА: Ова е земја во која луѓето имаат натприродна моќ (видео)

Сподели со своите пријатели

Илјадници години луѓето биле сведоци на разни чуда, наизглед невозможни појави и настани, а од неоадмна објавените документи на американската Централна информативна агенција (CIA) за изтражувањето на парапсихолошки феномени, јасно е дека некои феномени би можеле да бидат и докажани.

Овие документи под името „Хронологија на неодамнешните занимања за необичните функции на човекотово тело во Народна Република Кина“ овјавени се дури по барањето од нив да се симне ознаката за тајноста, а поголемиот дел од информациите се заснова на кинеските истражувања.

„Чиран Цирачи“, ценет кинески научен магазин, во 1979 година објави извештај за невизуелно препознавање во кое се вклучиле неколку сведочења за неверојатните можности на човековиот организам.

Година дена подоцна, тој магазин организирал и парапсихолошка конференција во Шангај, на која учествувале повеќе од 20 истражувачки институти и универзитети од сите делови на светот.

Веќе во 1981 година биле основани стотина институции за проучување на децата со посебни способности, а во 1982 година кинеската Влада спонзорирала јавна конференција во Пекинг.

Единствена цел била расправа за луѓето со парапсихолошки способности.

Истата година е откриен Жанг Баошенг.

Имено, на еден универзитет во Пекинг биле тестирани десетици луѓе за да се види дали некој од нив има телепатски способности. Поголемиот дел биле „обични“, но Баошенг толку ги шокирал научниците па му направиле ново тестирање.

Овој пат го набљудувале 19 научници. Се испоставило дека Баошенг со силата на умот може да префрла мали предмети.

Шест месеци го набљудувале, а тој со силата на мислите ставал хартија во стаклена цевка и ја вадел.

Истата работа ја повторил и со инсекти.

Други документи, под името „Истражување на паранормални способности за померање просторни препреки“ кои исто така ги има објавено ЦИА; опишуваат еден експеримент во кој учествувал Баошенг.

– Дрвен кабинет со димензии 120х180х60 сантиметри бил употребен како затворено складиште. Листовите хартија биле единствената ознака поставена на горната полица. Баошенг успеал да ги извлече листовите и да ги врати назад во кабинетот, кој цело време бил затворен и неоштетен. Тоа покажува дека просторните бариери може да се пробијат дури и во големите магацини, се наведува во тој извештај.