Тајната е во тунелите: Откриено како Хамас успеа да изврши ненадеен напад врз Израел

Сподели со своите пријатели

Мала група оперативци на Хамас планирала ненадејни, смртоносни напади врз Израел со комуникација преку мрежа на жичени телефони вградени во подземните тунели во Појасот Газа во период од две години.

Loading...

Телефонските линии во тунелите им дозволувале на оперативците тајно да комуницираат меѓу себе и не можеле да бидат следени од израелските разузнавачи, според два извори на кои се повикува Си-Ен-Ен.

За време на двегодишното планирање, мала ќелија која оперирала во тунелите ги користела тие телефонски линии за да ја планира операцијата, но ја држеле во тајност додека не дошло време да се активира и повика стотици борци на Хамас да ги извршат нападите на 7 октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Израел користел бомба од 230 килограми во напад врз кафуле полно со луѓе во Газа?

Тие избегнуваа да користат компјутери и мобилни телефони за да избегнат откривање од израелските или американските разузнавачи.

Хамас го криеше своето планирање на операцијата користејќи стари контраразузнавачки методи и се обидуваше да не користи дигитални комуникации што би можеле да ги следат Израелците.

САД и Израел беа целосно изненадени од нападите. Стотици екстремисти на Хамас влегоа на јужна израелска територија преку пробиена гранична ограда и убија најмалку 1.400 луѓе, главно цивили.

Си-Ен-Ен разговараше со добро информирани извори, но не виде докази, а САД и Израел не одговорија на барањата за коментар за извештајот.

Американската телевизиска мрежа претходно објави дека низата стратешки предупредувања од американски и израелски разузнавачи не ги навеле лидерите на двете страни да ги предвидат настаните од 7 октомври.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелски министер: Не смееме да застанеме ниту за момент, мора да ја окупираме цела Газа