„Тајмс“: Британската морнарица ќе користи технологија со ВИ за следење на руски подморници

Сподели со своите пријатели

Британската морнарица развива тајно оружје кое користи вештачка интелигенција (ВИ) за следење на руски подморници, а технологијата првично развиена за следење на китови ќе биде инсталирана на подводни дронови кои ќе ги штитат британските води од поморски закани, објави британскиот „Тајмс“.

Loading...

Во Министерството за одбрана на британската морнарица се чуваат акустични записи за непријателски бродови и подморници, собрани во текот на 56 години работа од страна на сонарни техничари.

Тие податоци сега ќе бидат внесени во напреден систем кој користи вештачка интелигенција за полесно да се пронајдат руските подморници и да се „осветлат“ океаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД предлагаат создавање демилитаризирана зона во Украина: Дали е тоа шанса за траен мир?

Новиот систем, наречен „Лура“, користи автономни мини-подморници кои можат да останат под вода со месеци.

Овие подморници ќе анализираат звуци и ќе препознаваат закани, објави „Тајмс“.

Системот „Лура“ е способен да разликува бродови од иста класа благодарение на разликите во нивните акустични потписи.

„Лура“ ќе користи мрежа од подводни сензори, нешто како сателит, за собирање податоци и анализа на звуци, што ја намалува потребата од човечка анализа и ги забрзува реакциите, пренесува Танјуг.

На овој начин, британската морнарица може побрзо да детектира закани и да реагира за да ги заштити бреговите.

Loading...

Благодарение на големиот број подводни дронови, морнарицата ќе може да ги следи водите и да препознава руски бродови што се движат кон Велика Британија или се наоѓаат во близина на подводни кабли, кои се клучни за меѓународните комуникации, истакнува „Тајмс“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ: Не сакаме руски енергенси дури ни кога ќе биде потпишан мировниот договор

Компанијата „Хелсинг“, која го разви тој систем, беше ангажирана од Британската морнарица да истражи примена на вештачка интелигенција за акустично следење.

Се очекува тој систем наскоро да биде во употреба. Поранешна инженерка во британската морнарица, Амелија Голд, вели дека на морнарите им се потребни многу години обука за да го совладаат препознавањето на звукот од подморницата.