Телото на нуркачот кој загина доставувајќи боци со кислород на затобениот тајландски фудбалски тим ќе биде вратено во неговиот роден град каде ќе биде погребан со најголеми почести.
Поранешниот тајландски маринец Саман Кунан (38) почина откако остана без кислород во тесните водени премини на пештерата Там Луанг на северот на Талјанд, обидувајќи се да ги спаси момчињата.
https://twitter.com/pocasians_/status/1015378553318223872
Loading...
Завршена е и последната фаза од акцијата и последните членови беа успешно ослободени, но за жал, не помина без жртви. Кнан го даде животот за да младите членови на фудбалскиот тим повторно ја видат светлината на денот, а неговата земја ќе му се заблагодари со најголемите државни почести.
REST IN PEACE! GOD BLESS YOU! SAMAN KUNAN, YOURE A LEGEND! #ThaiCaveRescue pic.twitter.com/XCaIDLa8aD
— gervasius (@gervasiusbayu) July 10, 2018
Неговото тело е пренесено во неговиот роден град Рои Ет, а на погребот кој ќе го финансира кралството, пишува Дејли мејл.
Неговата последна објава на Фејсбук е фотографија на која позира со другарите на влезот во пештерата.