Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул денес изјави, по убедливата победа на општите избори во недела, дека ќе изгради ѕид на границата со соседна Камбоџа.
Во телевизиско интервју, Чарнвиракул рече дека сака да формира влада со силно мнозинство и сега ги чека конечните резултати од гласањето, објавува Ројтерс.
Со преброени 94 проценти од гласовите на општите избори во Тајланд одржани во недела, партијата Бумџаитаи на премиерот Анутин Чарнвиракул освои многу повеќе гласови од своите политички ривали и обезбеди 193 од 500 места во парламентот на Тајланд, соопштија денес неименувани извори од изборната комисија на Тајланд.
Ваквите изборни резултати доведоа до намалување на политичката нестабилност и зголемување на тајландските акции за околу три проценти, што е највисоко во последната година или повеќе, објави Ројтерс претходно, објавува Танјуг.

