Тајландските власти денеска го отстранија од списокот на недозволени дроги кратомот, психотропно растение со потекло од Југоисточна Азија, кое долго време се користи во традиционалната медицина.
На граѓаните сега им е „дозволено да конзумираат и продаваат кратом“, рече тајландската влада, додавајќи дека обвиненијата за поседување кратом ќе бидат отфрлени и околу 1.000 обвинети ќе бидат ослободени.
Лисјата на кратом, чие научно име на латински е Mitragyna speciosa, со векови се конзумираат во Југоисточна Азија поради нивните стимулативни ефекти и лекови против болки.
Кратом е на листата на забранети дроги од 1943 година.
Франција го забрани купувањето и поседувањето кратом од 2020 година. Националната агенција за безбедност на лекови таму ги истакна ризиците од „зависност, анорексија, губење на тежината, психотични епизоди и хепатитис“.
Според Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, кратом е присутен во околу 30 земји. Во САД и Канада, се користи како инфузија или прав, а промоторите на кратом веруваат дека е добра замена за опијати и некои анксиолитици.
Во Тајланд, законот за борба против дрогата се уште е многу строг. Поседувањето на неколку грама амфетамини е казниво со неколку години затвор. Повеќето затвореници во Тајланд издржуваат долги казни токму поради дрога.