Тајланд: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 145

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви од поплавите во јужен Тајланд се искачи на 145, изјави владиниот портпарол Сирипонг Ангкасакулкиат.

Околу еден милион домаќинства и повеќе од три милиони луѓе беа погодени од поројните дождови што поплавија 12 јужни провинции во последните денови, објави АП.

Властите очекуваат реките да се повлечат под критичното ниво во сите области до вечерта.

Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул претходно прогласи вонредна состојба во Сонгкла, истакнувајќи ја „невидената сериозност“ на поплавите што го погодија и најголемиот град во јужен Тајланд, Хат Јаи.

Поради преоптоварувањето на градската болница Хат Јаи, Министерството за здравство формираше осум привремени теренски болници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Катастрофа на Суматра: Најмалку 94 мртви, 80 исчезнати во поплави и лизгање на земјиштето

Дваесет од најтешките пациенти беа префрлени со хеликоптер, а дополнителни залихи со храна беа доставени до медицинскиот персонал и пациентите.