Тајфун предизвика поплави и лизгање на земјиштето на Филипините, оштети два аеродрома

Сподели со своите пријатели

Тајфунот Јинсинг ги напушти Филипините откако предизвика поплави, лизгање на земјиштето и штети на два аеродроми во северните провинции, што дополнително ја влоши ситуацијата по претходните бури.

Loading...

Во прелиминарните извештаи не се наведува дека има жртви, иако штетата е голема, пренесува АП.

Тајфунот последен пат е забележан во Јужното Кинеско Море, на околу 100 километри западно од провинцијата Илокос Нор на Филипините, со ветрови до 150 километри на час и налети до 205 километри на час, а синоптичарите предвидуваат дека ќе ослабне пред да стигне Виетнам.

Тајфунот предизвика големи поплави во селата, урна дрвја и далноводи, а исто така уништи куќи и згради во провинцијата Кајаган, која беше погодена од тајфунот во четвртокот попладне. Тогаш беа евакуирани повеќе од 40.000 луѓе, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Застрашувачка статистика: Само во 2023 година, на секои десет минути е убивана една жена

Во провинцијата Батаан, најсеверниот дел на Филипините, гувернерката Марилу Каико изјави дека силните ветрови и дождови ги однеле покривите, ги оштетиле поморските пристаништа и два локални аеродроми.

Филипинскиот претседател Бонгбонг Маркос одлучи да не присуствува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Перу за да се фокусира на напорите за закрепнување на земјата.

Филипините, лоцирани во еден од најсиромашните региони во светот, претрпеа многу катастрофи во минатото, вклучувајќи го и тајфунот Хаијан во 2013 година, кој однесе повеќе од 7.300 животи и предизвика огромни штети низ целата земја.