Започна реконструкцијата на улицата од мостот во Проевце до хотел „Куба“ (ФОТО)
Започна реконструкцијата на дел од улицата „600“ во селото Проевце, на потегот од мостот на реката Кумановка до паркингот на поранешниот хотел „Куба“, информира градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Во моменталната работна фаза се изведуваат градежни активности кои опфаќаат машински ископ, изведба на дренажа и поставување бетонски рабници.Прочитај повеќе









