Почна изградбата на фекална канализација во селото Проевце

Сподели со своите пријатели

Почна изградбата на фекална канализација да улицата од село Проевце кон градот Куманово, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

 

 

Жителите на ова населено место досега немаа мрежа и бараа изградба за да се решат нивните основни инфраструктурни потреби.

– Канализациската мрежа ја гради скопската компанија друштво за производство, промет, градежништво, транспорт и услуги „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. За изградба на мрежата одвоени се 3.388.259 денари со вклучен данок на додадена вредност. Механизацијата веќе е на терен, активностите се во тек, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Притвор за 19-годишен дилер од Куманово кој нападна полицаец со нож

 

Loading...

 

Проевце е на само два километри до градот, непосредно до урбаната средина. Жителите со години бараа поставување на мрежа и решавање на основни инфраструктурни прашања.

MIA