Водата од чешмите во Проевце не е безбедна за пиење

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ги информира граѓаните дека водата од чешмите во селото проевце (голем чеп), не е безбедна за пиење.

Loading...

– Врз основа на дописот од Јавна здравствена установа – Центар за јавно здравје – Куманово до Општина Куманово, се известуваат граѓаните, дека водата од чешмите во с. Проевце – голем чеп, по направените анализи не е безбедна за пиење, стои во соопштението.

Како што додаваат надлежните, согласно националната програма за Јавно здравје, со цел да се согледа здравствената исправност на јавните чешми во село  Проевце, земени се примероци за лабараториска анализа во ЈЗУ  Центар за јавно здравје – Куманово на 19.08.2024 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР ќе гони осум лица и две фирми за сообраќајката во која загинаа татко и син

По добиените резултати од 22.08.2024 година, констатирано е дека водата е неисправна за пиење, се додава во соопштението.

Никола Ивановски