Денеска се отвора за сообраќај мостот во Проевце

Сподели со своите пријатели

По нешто повеќе од половина година, денеска точно во 12 часот ќе биде отворен за сообраќај мостот на реката Кумановка во селото Проевце на магистралниот пат Куманово – Свети Николе.

Loading...

Патниот правец беше затворен на почетокот на март поради санација на мостот, кој имаше сериозни оштетувања.

Градежните активности започнаа во декември минатата година, а изведувач е компанијата „Синтек Инжинеринг“ – Скопје.

Реконструкцијата опфаќа санација на столбовите, менување на лежишта, санација на челичната конструкција, на отворената дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нова хидроизолација, нови дилатации, нова еластична одбојна ограда и нови тротоари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Целосната реконструкција на мостот чини 59,7 милиони денари без ДДВ, односно скоро 936.000 евра.

Никола Ивановски