Таен напад врз најсилниот нарко картел во светот: Уапсени над 600 лица!

Сподели со своите пријатели

Американската администрација за борба против дрога (ДЕА) објави дека за време на координираната операција минатата недела против озлогласениот картел Синалоа, уапсени се 617 лица и запленети се огромни количини наркотици, оружје и готовина.

Резултатот, според официјалните записи, бил запленета 480 килограми фентанил во прав, 714.707 фалсификувани таблети, повеќе од 2,2 тони метамфетамин, 7,4 тони кокаин, 420 огнено оружје и речиси 13 милиони долари имот и готовина.

„Секој килограм отров што го земаме од картелот, секој долар што го земаме од него и секое апсење што го правиме значи спасени животи и побезбедни заедници. ДЕА нема да запре додека картелот Синалоа не биде расклопен од горе до долу“, рече директорот на ДЕА, Теренс Кол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе биде ли Франција денеска парализирана? „Блокирај сè“ ги повика граѓаните на улица

„Дејствата на картелите се немилосрдни. Тие се подготвени да ги отрујат нашите заедници за профит, без оглед на човечките жртви. Затоа нашата работа е критична и нема да запре“, рече Брајан М. Кларк, специјален агент задолжен за канцеларијата на ДЕА во Лос Анџелес.

Големиот удар врз работењето на картелот доаѓа помалку од еден месец откако Исмаел Марио Замбада Гарсија, попознат како Ел Мајо, долгогодишен водач на картелот и поранешен партнер на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, се изјасни за виновен пред федералниот суд во Бруклин.

Замбада (76) е обвинет за трговија со тони кокаин, фентанил, хероин и други дроги преку границата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ХАОС ВО НЕПАЛ: Армија на улиците, изгорени возила, чад од згради и ограбени продавници...

Со децении, Замбада беше деловен партнер на Ел Чапо, кој моментално отслужува доживотна казна откако беше осуден во 2019 година за водење на картелот Синалоа.

Откако неговиот татко беше уапсен, Гузман Лопез (38) се искачи по скалата и презеде позначајна улога во криминалната империја.

Обвинителите претходно потврдија дека нема да бараат смртна казна и ќе склучат договор за признавање на вина следната недела.

Хоакин Гузман Лопез, кој исто така е во притвор во САД, минатата година се изјасни за невин по обвиненијата за трговија со дрога.