Над педесет проценти од мажите и жените сметаат дека некој е промискуитетен ако имал повеќе од 15 секс партнери, но изгледа дека самата бројка е доста проблематична, затоа што поголемиот дел од жените на пример, за маж кој имал помалку од 7 партнерки ќе го сметаат за сексуално неискусен.
Професионалците за врски ги советуваат новите парови да избегнуваат вакви прашања, првенствено од причина што може да биде извор на несигурност и љубомора во врската, а од друга страна пак, воопшто да не влијае на нејзината иднина.
И додека сè уште важи онаа поговорка дека мажите обично знаат да претераат со бројката за да изгледаат како поголеми фраери, а жените да ја намалуваат, факт е дека денес општествено прифатливо е бројката на партнери да е поголема отколку што тоа било пред 20 години.
Околу 40% од мажите и жените би сакале да ја знаат таа информација, но стравуваат како тоа може да влијае на нивната љубовна врска.
Сепак, жените се оние кои многу често први го поставуваат оваа, помалку незгодно прашање.
Во истражувањето на Elite Daily, паровите кои се во врска ја откриваат бројката на секс парнери едни на други. Има секакви реакции, но сепак погледнете самите.