Мартина Биг (32), Германка, родена како белкиња и која неколкупати била подложена на операција за зголемување на градите, вели дека нема да запре се додека не бидат „големи како Титаник“.
На едно од објавите на нејзиниот Фејсбук профил, каде ја следат 59.000 луѓе, откри дека бројот на градници е 70DD , кои ги носела порано, сега не е доволно голем за да ги покрие брадавиците.
– Понекогаш се изненадувам кога ќе видам колку ми пораснаа градите – изјави Мартина, која го носела бројот 32Д пред поголемите операции.
– Секако дека тоа не е доволно големо за мене. Ќе ги зголемам за да бидат уште поголеми и поголеми и поголеми, сè додека не бидат големи како Титаник – напиша таа.
Поранешната стјуардеса стана позната на пошироката јавност по инјекциите на контраинекции во нејзиното тело со цел да и го затемни тенот, бидејќи се чувствува како црнкиња и со цел да „роди деца со темна кожа“. Мартина и нејзиниот сопруг Мајкл Еурвен си вбризгале меланотан, синтетички хромон, за да го затемнат тенот.
Таа еднаш се појави во утринска програма на една британска телевизија, каде тврдеше дека нејзините лекари рекле дека ќе имаат црни деца.
Таа рече дека поминала седум недели во Кенија учејќи за „племенската култура“. Потоа, таа им рече на водителката Холи и нејзиниот колега Џон Борумен дека сега се идентификува како црнкиња, откако примила инјекции со меланотин две години.
Гледачите тогаш биле зачудени од нејзините коментари, особено затоа што таа тврдела дека нејзините инјекции со меланотин ја промениле многу повеќе од бојата на кожата.
– Кожата станува потемна и мојата коса се менува и станува виткана и потемна – рече таа и додаде дека дури и нејзините веѓи стануваат темни и дека бојата на нејзините очи е променета.
На прашањето зошто е авторитативно да зборува за тоа како црнка, Мартина одговори: „Многу афроамериканци не знаат за африканската култура“.
Мартина сега се вика Малајка Кубва, што значи Голем ангел на Суахили, а по крштевањето изјави дека сака да се пресели во Кенија, да биде меѓу нејзините луѓе и да научи како да одгледува семејство на африкански начин.
– Не само што изгледам како Африканка, така се чувствувам и сега официјално сум. Минатата година поминав извесно време во Кенија и се чувствував како дома. Сега имам повици од цела Африка, да дојдам.
Кога завршила средно училиште, ја започнала својата кариера како стјуардеса. Таа работела со нејзиниот партнер Мајкл кој е пилот. Таа престанала да работи како стјуардеса во 2012 година, за да се занимава со моделинг и глума.
Таа за една шведска телевизија во 2017 година потврди дека има најголеми гради во Европа. Таа започнала да го менува своето тело во 2012 година и имала повеќе од 20 операции.
Пред 3 години се појави во познатата емисија „Botched“, каде побара од пластичните хирурзи да го направат носот што го имаат жените од африканско потекло. Тие го одбија нејзиното барање и ја советуваа да избегнува какви било драстични промени во нејзиното тело сè додека не биде сигурна дека сака да ја задржи црната боја на кожата.
Докторите претходно одбија да и постават импланти на задникот.