Плус-сајз манекенката и пејачка од Брегот на Слоновата Коска, Едокси Јао, е во врска со гвинејскиот музичар Гранд П и затоа тие често се мета на критики бидејќи луѓето тврдат дека нивната љубов е всушност само маркетинг трик.
https://www.instagram.com/p/CEZzVcXJ5Mo/?utm_source=ig_embed
Роден е со многу ретко генетско нарушување што влијаеше на неговиот физички изглед, а поради огромната разлика во висината и тежината помеѓу нив двајцата, тие постојано се мета на злонамерни коментари.
https://www.instagram.com/p/CEhcBsdJbSi/
Сепак, среќната двојка вели дека физичките разлики не им пречат и дека уживаат во врската, па дури и планираат да стапат во брак.
https://www.instagram.com/p/CEEl9lHptda/
„Среќни сме заедно и тоа е најважно. Ви благодарам на сите за поддршката. Физичкиот изглед не е важен во врската”, им рече таа на своите следбеници, од кои има речиси еден милион на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CDXLUnxJzc6/
Нејзиниот партнер вели дека генетското нарушување не го спречува да ужива во животот, иако признава дека неговите фанови биле изненадени кога започнал врска со Едокси.
https://www.instagram.com/p/CDOptYhp_Wi/
Но, очигледно е дека тие уживаат во љубовта и дека ниту еден од нив не се грижи за коментарите…
https://www.instagram.com/p/CC1WBAHpQes/