СЗО за прв пат организира самит посветен на традиционалната медицина

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) денеска го организира првиот самит посветен на традиционалната медицина со апел дека природните алтернативни третмани мора да се засноваат на научни докази.

Loading...

Традиционалната медицина може да ги премости „пристапните празнини“ во здравјето, но има вредност само ако се користи „соодветно, ефективно и врз основа на најновите здрави научни докази“, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Шефот на истражувањето во СЗО, Џон Ридер, оцени дека „научниот напредок во традиционалната медицина мора да ги исполнува истите стандарди како и сите други области на здравствени студии“.

СЗО одржува дводневен Глобален самит за традиционална медицина на маргините на состанокот на министрите за здравство на Г20 во Гандинагар, Индија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово