Експертот на Светската здравствена организација Абди Махамуд денеска изјави дека СЗО внимателно го следи новиот вид на коронавирус Б.1.640.2 од ноември.
Се наведува дека оваа нова варијанта е откриена од научници во Франција.
„Постојат три типа на соеви – оние што ги следиме, оние кои предизвикуваат интерес и оние кои предизвикуваат загриженост“, рече Махамуд на брифинг во Женева, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека СЗО од ноември го следи сојот Б.1.640.2, како и две негови подваријанти.
Според Махамуд, СЗО ќе продолжи да го следи вирусот, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји.
Претходно медиумите објавија дека експерти од Универзитетската болница во Марсеј откриле нов вид на коронавирус и привремено го нарекле Б.1.640.2. Според првите податоци, на југот на Франција од овој сој се заразени 12 лица.
Повратник од Камерун беше означен како нулта пациент.