СЗО/УНИЦЕФ: Лоша хигиена во болниците е закана за 1,8 милијарди луѓе во светот

Сподели со своите пријатели

Во една од четири здравствени установи во светот нема редовен пристап до чиста вода. Како резултат на тоа, околу 1,8 милијарди луѓе се изложени на зголемен ризик од инфекција со коронавирус и други инфекции, според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ), објавен денеска во Женева.

Loading...

„Околу 1,8 милијарди луѓе се изложени на зголемен ризик од заразување со Ковид-19 и други болести бидејќи користат или работат во здравствени установи што немаат основни услуги за вода“, се вели во извештајот.

„Водата, канализацијата и хигиената се од витално значење за безбедноста на здравствените работници и пациентите, но не секогаш на тие услуги им се дава приоритет“, велат СЗО и УНИЦЕФ.

Најтешки се состојбите во 47-те најмалку развиени земји во светот.

СЗО и УНИЦЕФ се залагаат за поголеми инвестиции во вода, санитарни услови и хигиена, нагласувајќи дека тие услуги се особено важни за ранливото население, особено бремените жени и децата.

Авторите на извештајот проценуваат дека решавањето на проблемот со водата во болниците и здравствените центри во најмалку развиените земји бара инвестиција од само еден долар по глава на жител во тие земји.

Златко Шумковски

Leave a Reply