СЗО: Третата доза на вакцината на е луксуз, туку заштита на најранливите

Сподели со своите пријатели

Третата засилена доза на вакцината против СОВИД-19 е начин да се заштитат најранливите, а не „луксуз“, соопшти во понеделникот Светската здравствена организација (СЗО).

Претходно овој месец, СЗО објави дека податоците не укажуваат на потреба од дополнителни вакцини и дека давањето дополнителна доза на целосно вакцинирани лица дополнително ќе ја зголеми нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните земји.

„Третата доза на вакцината не е луксуз, која му се одзема на некој друг кој сѐ уште ја чека првата доза“, рече на брифингот со новинарите Ханс Клуге, шеф на СЗО за Европа.

„Тоа е начин да се заштитат најранливите“, додаде тој, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Клуге рече дека порастот на стапката на пренос на инфекција КОВИД-19 низ Европа во текот на изминатите две недели, со ниско ниво на вакцинација во некои земји, е длабоко загрижувачки.