СЗО: Топлотните бранови предизвикале 15.000 смртни случаи во Европа

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека топлотните бранови во текот на летото во Европа предизвикале најмалку 15.000 смртни случаи.

Loading...

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, објави статистички податоци за топлотните бранови во Европа, јавува Анадолија.

„Според податоците што ги споделија европските земји, најмалку 15.000 луѓе загинаа поради жештините во 2022 година“, рече Клуге.

Мрачни прогнози

Тој истакна дека топлотните бранови предизвикале речиси 4.000 смртни случаи само во Шпанија.

Клуге рече дека речиси 1.000 луѓе починале од истата причина во Португалија, 3.200 луѓе во Велика Британија и 4.500 луѓе во Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над половина милион барања за азил во ЕУ во првата половина на 2024 година.

Тој предупреди дека топлотните бранови и екстремните горештини ќе доведат до уште повеќе смртни случаи во наредните години доколку не се преземат неопходните мерки.