Бројот на нови случаи на коронавирус и смртни случаи ширум светот продолжи да се намалува во текот на изминатата недела, соопшти денеска Светската здравствена организација, при што само западниот дел на Пацификот пријави зголемување на бројот на нови инфекции.
Во последниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на Обединетите нации наведува дека бројот на новозаразени ширум светот минатата недела се намалил за пет отсто, што го продолжи трендот на опаѓање што започна пред повеќе од еден месец, пренесува агенцијата АП.
Бројот на починати е намален за осум проценти.
Само во западниот дел на Пацификот, има зголемување од 46 проценти на случаи на коронавирус, според АП.
Во другите делови на светот значително се намалува бројот на заразени со Ковид, а најголем пад е забележан на Блискиот Исток и Африка, каде што бројот на заболени е намален за 46, односно 40 отсто.