СЗО: Реалниот број на починати е многу поголем

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација соопшти дека најверојатно ќе се соочиме со значително намалување на вкупниот број смртни случаи директно или индиректно припишани на ковид.

Loading...

Презентирајќи го Статистичкиот годишник за светското здравје, СЗО процени дека во 2020 година, најмалку три милиони луѓе починале од последиците на „ковид 19“, или 1,2 милиони повеќе од запишаните.

Агенцијата на Обединетите нации проценува дека 3,4 милиони смртни случаи до јуни 2021 година може да бидат директно поврзани со пандемијата од Ковид 19.

„Тој број може да биде два до три пати поголем“, рече Самира Асма, помошник началник на одделот на СЗО за оваа анализа.

„Затоа мислам дека 6 до 8 милиони мртви сигурно може да бидат проценка“, додаде таа.

Аналитичарот на СЗО за податоци, Вилијам Мсембури, рече дека проценката вклучува непријавени смртни случаи од ковид 19, како и лица кои починале поради недоволен болнички капацитет и епидемиолошки ограничувања

Официјалниот број „го намалува целосниот ефект на болеста“, рече Мсембури.

Leave a Reply