СЗО препорача Украина да ги уништи опасните патогени во лабораториите

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи многу опасните патогени складирани во лабораториите во таа земја за да спречи евентуално истекување, се наведува во писмото на СЗО.

Loading...

СЗО соопшти дека соработувала со украинските медицински власти неколку години за да помогне во спроведувањето на безбедносните практики.

 

Состанок на Советот за безбедност на ОН на барање на Русија

 

„Како дел од оваа работа, СЗО силно препорача Министерството за здравство на Украина и другите надлежни органи да ги уништат особено опасните патогени со цел да се спречат можните протекувања“, стои во е-поштата до која дошле новинари на Ројтерс.

Сепак, Светската здравствена организација не соопшти кога била дадена препораката, ниту пак дала конкретни информации за видовите патогени или токсини складирани во украинските лаборатории.

Не е познато и дали се спроведени препораките на СЗО.

Loading...

 

Сцени од Днепар по гранатирањето: Градот нападнат првпат од почетокот на операцијата

 

Претходно, заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд изјави дека во Украина има капацитети за биолошки истражувања и дека Киев и Вашингтон сега работат на тоа да спречат материјалите акумулирани таму да паднат во рацете на руските сили.

Руското Министерство за одбрана во својот одговор наведува дека со овие зборови Нуланд го потврдила учеството на Пентагон во воено-биолошките програми во Украина.

Претходно, Министерството за одбрана на Русија одржа презентација на која се гледа дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за работата на биолошките лаборатории во Украина, кои учествувале во американската воено-биолошка програма.

 

Руските сили гаѓале украинскиот институт каде што се наоѓа експериментален нуклеарен реактор

Loading...

 

Русија не ја исклучува можноста за иницирање механизам за консултации во рамките на Конвенцијата за забрана на биолошко и токсично оружје во врска со фактите за американските воени биолошки активности во Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Коментирајќи ги информациите за биолошките лаборатории финансирани од САД во Украина, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан го повика Вашингтон да ги разјасни своите активности за биолошката милитаризација дома и во странство.