Плановите на Пекинг да ги одржи и организира безбедно Зимски олимписки игри (ЗОИ) во 2022 година се сериозни, и покрај пандемијата на Ковид-19, изјави Мајкл Рајан, директор на Светската здравствена организација (СЗО) за итни случаи.
Зимските олимписки игри во кинеската престолнина почнуваат на 4 февруари.
Според кинеската медиумска група, Рајан рече дека Здравствената агенција на Обединетите нации соработувала со Меѓународниот олимписки комитет за да обезбеди технички совети за безбедно одржување на Зимските олимписки игри.
„Кинеските власти имаат многу строги мерки и објавија серија различни прирачници“, рече тој на прес-конференција.
„Убеден сум дека, со оглед на информациите што ги имаме, мерките кои се во сила за Зимските олимписки игри се многу строги и многу силни и дека во моментов не гледаме зголемен ризик од пренесување на болеста во тој контекст“, додаде Рајан. .