СЗО: Неплодноста е занемарен предизвик за јавното здравје

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави во своите први упатства дека неплодноста е занемарен предизвик за јавното здравје и дека прифатлив третман треба да биде достапен во рамките на националните здравствени системи.

Проценките на СЗО покажуваат дека неплодноста влијае на повеќе од едно од шест лица во репродуктивна возраст во одреден момент од нивниот живот, меѓутоа, пристапот до третман е многу ограничен и варира во голема мера од земја до земја, објавува Ројтерс.

Третманот често се плаќа од џеб, што доведува до високи финансиски трошоци, додаде агенцијата на Обединетите нации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Страшно невреме беснее во Грција: Улици под вода, на сила црвен аларм (ВИДЕО)

Во некои земји, еден циклус на ин витро оплодување (ИВФ) може да чини двојно повеќе од просечниот годишен приход на домаќинството, според СЗО.

„Неплодноста е еден од најзанемарените предизвици за јавното здравје на нашето време и големо прашање на еднаквост на глобално ниво“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Милиони мажи и жени се соочуваат со овој проблем сами, рече тој, истакнувајќи дека се принудени да избираат помеѓу раѓање деца и финансиска сигурност или согласување со поевтини, но недокажани методи на лекување.

СЗО ја дефинира неплодноста како неуспех да се постигне бременост по 12 месеци или повеќе редовен незаштитен секс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајланд: Бројот на жртви од поплавите се искачи на 145

Третманот не е само ин витро фертилизација, туку ги вклучува сите чекори што примарната здравствена заштита може да ги преземе за да им помогне на паровите или поединците да имаат дете, вклучувајќи совети за промени во животниот стил, како што е откажување од пушење, според СЗО.

Смерниците вклучуваат 40 препораки за земјите, со цел грижата за плодноста да се направи побезбедна, пофер и подостапна за сите, со фокус на машката, женската и необјаснетата неплодност, објавува Танјуг.

Покрај овие мерки, СЗО изјави дека е важно и подоброто образование за факторите што влијаат на плодноста, како што се возраста, како и поддршката за оние кои се соочуваат со стигма и стрес за време на третманот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Западен Брег: Израелските сили убија двајца Палестинци при предавање