Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека една нејзина вработена е убиена во Појасот Газа заедно со нејзиното шестмесечно бебе.
Loading...
Таа е убиена во бомбардирањето на куќата на нејзините родители на југот на Газа, се вели во соопштението на СЗО, пренесува Гардијан.
Како што е наведено, во таа куќа загинале околу 50 членови на нејзиното семејство и заедница, кои се засолниле таму.
„Дима Абдулатиф Мохамед Алхај (29) беше клучен дел од тимот за траума и итни случаи на СЗО и е дел од организацијата од 2019 година. Алхај беше прекрасна личност со светла насмевка, весела, позитивна и многу почитувана“, истакнува СЗО.