Менаџерот на Светската здравствена организација Дорит Никан изјави дека СЗО се подготвува за потенцијална епидемија на колера во Мариупол, каде што се оштетени многу инфраструктурни објекти.
Оштетени се многу цевки, а од терен добиваме информации дека на улиците има езерца и дека се измешани канализацијата и водата за пиење“, изјави Ничан, пренесува Танјуг.
Според неа, СЗО го оценува тоа како огромна закана од појавата на многу инфекции, вклучително и колерата, и затоа СЗО подготвува вакцини за колера и тесно соработува со невладини организации и партнери кои можат да дојдат во Мариупол за да ги поддржат луѓето.

