Светската здравствена организација и Википедија, ги здружуваат силите во борбата против дезинформациите за коронавирусот. Нивните мотиви се поврзани со бројните информации и гласини поврзани со Ковид-19.
Партнерите најавија соработка за подобрување на пристапот на јавноста до најсовремените и најсигурни информации за болеста. Благодарение на оваа соработка, луѓето ширум светот ќе можат да пристапуваат и да споделуваат инфографици, видеа и други мултимедијални податоци на СЗО поврзани со јавното здравство, кои ќе бидат зачувани во Викимедија комонс.
Ова ќе им овозможи на повеќе од 250.000 доброволни уредници на Википедија да го прошират опсегот на темата Ковид-19, која во моментов има повеќе од 5.200 статии на 175 јазици.
Златко Шумковски