По планот за „Безбедно лето 2022,“ Секторот за внатрешни работи Куманово преку своите организациски единици реализираше превентивна активност со граѓани кои живеат во населбата „Тоде Мендол“.

– При непосредни средби на граѓаните им беа поделени летоци со практични совети за поголема заштита од кражби и имотни деликти и преку кратки едукативни разговори им беше укажано за последиците од консумирањето алкохол и наркотични средства, информираат од кумановската полиција.

Како што се додава во соопштението, било разговарано и биле поделени материјали со едукативна содржина со цел заштита од пожари.

Никола Ивановски

