Во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, вчера полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово реализираа превентивна активност на зелениот пазар во Куманово, со цел заштита од џепни и други кражби.
Loading...
– Полициските службеници на граѓаните им поделија летоци со практични совети за поголема заштита од џепни и други кражби и имотни деликти и низ кратки разговори, ги советуваа кои мерки да ги практикуваат и на што треба посебно да внимаваат при купување и движење на јавни места, стои во соопштението на СВР Куманово.
Исто така, било разговарано и биле поделени материјали со едукативна содржина со цел заштита од пожари.
Никола Ивановски