Поради зголемен обем на влез и транзитирање на домашни и странски државјани во Република Северна Македонија ги потсетуваме граѓаните дека доколку не приложат еден од следните документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-Cov, односно примени најмалку две дози на вакцина,
-сертификат потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена,сметајќи од денот на оздравувањето,
-медицинска потврда со негативен резултат, направен 72 часа пред излез/влез на/од територија на Република Северна Македонија или
-негативен резултат од брз тест за антиген направен 48 часа пред излез/влез на/од територија на Република Северна Македонија,задолжително се упатуваат во домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена.
Интегрално соопштение: Сектор за внатрешни работи Куманово