СВР Куманово расчисти случај со пукање на семејна веселба, приведени две лица

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово го расчисти случајот со пукањето на семејна веселба во Куманово, кој беше споделен на социјални мрежи, извршен е претрес и приведени се две лица.

Loading...

– На 31.07.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М. (30) и С.М.(25), двајцата од Куманово. Постапувајќи по претходна пријава дека имало пукање од огнено оружје на семејна веселба во Куманово, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во нивниот дом, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли, за кои постои сомнение дека со нив пукале на веселбата, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носат првите денови од август?

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски