Педесет и деветгодишен возач бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека вози под дејство на 2,22 промили алкохол.
– На 28.07.2025 во 23.35 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Е.(59) од село Вртеша, општина Карбиници. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода, во која учествувал со возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски