СВР Куманово поднесе кривични пријави за крадците во село Зубовце

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.М. (39) од Куманово и Б.К. (47) од Рашче, Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,разбојништво”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените во точно неутврдено време дошле во викендица сопственост на З.С. (52) од Куманово, лоцирана во с.Зубовце, по што О.М. со употреба на сила и сериозна закана со пиштол на З.С. и неговиот пријател В.Д. (65) од Куманово им наредил да влезат внатре во викендицата каде бил Б.К. По ова ги врзале со електричен кабел, извршиле пребарување и им одзеле околу 10.000 денари, клучеви од ПМВ и два мобилни телефони.

Откако излегле надвор одзеле и патничко моторно возило марка „Рено сеник“.