Секторот за внатршени работи Куманово обезбедува шест лица кои се во домашна изолација и здравствен надзор поради коронавирусот, информираше денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Четирисетина угостителски објекти, како што рече министерот, биле проверени од кумановската полиција дали ги почитуваат препораките за работа на Владата.
– СВР Куманово обезбедува шест лица кои се под мерка здравствен надзор и надворешна изолација, од кои, пак, поради местото на престој две лица се на територија на СВР Скопје, а воедно полициските службеници од овој сектор извршија контрола на околу 40 угостителски објекти, рече министерот на денешната прес конференција.
Најмногу лица обезбедува СВР Скопје, вкупно 173, таму се контролирани 72 угостителски објекти, а затворени се седум и е издадена забрана за вршење дејност.
Во делот на СВР Битола се обезбедуваат 13 лица по мерка здравствен надзор.
СВР Тетово – обезбедува 16 лица по мерка здравствен надзор, а забележано едно прекршување и за истото е запознато ОЈО Тетово и се работи на расчитување на случајот.
Во СВР Охрид 82 лица се под мерка здравствен надзор и домашна изолација, а контролирани се вкупно 131 угостителски објект.
СВР Струмица обезбедува 12 лица кои се под мерка здравствен надзор, има едно прекршување на забраната од страна на лице – за што мерки презема крим полиција при СВР Струмица.
Во рамки на СВР Велес се обезбедуваат две лица кои се под мерка здравствен надзор и домашна изолација.
И при СВР Штип се обезбедуваат осум лица кои се под мерка здравствен надзор и домашна изолација.
Треба да се знае дека полициските службеници од сите СВР-а и во наредниот период ќе постапуваат во насока на контрола на одлуката на Владата за затворање на угостителски објекти, казина и кладилници, додаде министерот Чулев.
Никола Ивановски