СВР Куманово најостро ги демантира лагите за обид за грабнување на дете во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Секторот за Внатрешни работи Куманово најостро ги демантира дезинформациите и лагите за обид за грабнување на дете во самиот центар на градот поточно во близина на црквата „Св.Никола“, што неодговорни поединци ги шират на социјалните мрежи.

– Ваков случај нема ниту на оваа локација ниту било каде на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести и дезинформации со кои поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност и да се информираат само од проверени извори на информации, стои во соопштението од СВР Куманово.

Секторот за Внатрешни работи Куманово стои на располагање на било каква информација со цел да спречи ваквото ширење на лажни вести.

Leave a Reply