СВР Куманово ќе гони Бразилец за шверц на природни реткости

Сподели со своите пријатели

Бразилски државјанин е осомничен дека се обидел да шверцува природни реткости преку Граничниот премин Табановце, за што кумановската полиција ќе го гони кривично.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.Ф.(32) од Бразил поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на против правно прибавени добра од привремена заштита, културно наследство и природни добра“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на 10.07.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле контрола при што било констатирано дека пријавениот внел 961 природни реткости (минерали-камења, со различни бои, благородни метали и различен рачно изработен накит со додатоци од полускапоцени камења), а кои се противправно набавени на територија на друга држава, во вредност од 918.000 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Илинден свечено отварање на реконструираната Спортска сала Куманово

Никола Ивановски