Секторот за внатрешни работи Куманово ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во осум основни училишта и еден клон, како и едно средно училиште во Куманово во врска со закани за поставени експлозивни направи и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Loading...
Веднаш по добиените пријави од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението на кумановската полиција.
Никола Ивановски