Англичанката Лизи Грумбриџ ја претворила својата висина во неверојатен бизнис. Таа е висока 190 сантиметри, а на социјалните мрежи се претставува како „џин“.
Таа вели и дека отсекогаш се чувствувала лишено во љубовта бидејќи некои нејзини мажи биле и до 20 сантиметри пониски од неа. Експертот за маркетинг и нејзиното момче електричар Џејмс добиваат критики и осуди од оние кои веруваат дека мажите треба да бидат повисоки од жените.
Тој е висок 172 сантиметри, а таа 190. Но, тие не се оптеретуваат премногу со тоа. Снимаат видеа, па дури и како го носи своето момче во прегратка и на грб за забава.
Височината денес ја искористила во своја полза, заработувајќи илјадници долари со тоа што со своите стапала гази разни предмети. Вели дека на тој начин ги задоволува фантазиите на фановите, без разлика дали станува збор за газење предмети.
Лизи е мајка на три деца на возраст од 13, 9 и 5 години. Порано снимала еротска содржина, но престанала поради децата.