Најмалку 15 лица загинаа доцна синоќа кога големо свлечиште удри автобус во северната индиска држава Химачал Прадеш, соопштија локалните власти.
Автобусот се движел низ ридест дел од земјата, во близина на округот Биласпур, каде што има многу свлечишта, предизвикани од неколкудневните обилни дождови.
Во автобусот имало од 20 до 25 патници.
Меѓу загинатите се девет мажи, четири жени и две деца, соопшти полицијата.
Три повредени деца се спасени и однесени во болница, соопштија властите.
Спасувачките операции продолжија денес во обид да се пронајдат исчезнатите патници за кои се верува дека се мртви, соопшти полицијата.
Екстремните дождови оваа година предизвикаа поплави и свлечишта низ Југоисточна Азија, вклучувајќи ги Индија, Пакистан, Бангладеш, Бутан, Шри Ланка, Авганистан, Малдиви и Непал.
Ненадејните поплави однесоа цела село во северната индиска држава Утарканд во август, додека најмалку 44 лица ги загубија животите во соседен Непал во текот на викендот во свлечишта и поплави предизвикани од обилни дождови.
Обилните дождови овој викенд дојдоа на крајот од сезоната на монсуни во Непал, која обично започнува во јуни и завршува кон средината на септември.
Поради дождовите, дел од главниот град на Непал, Катманду, беше поплавен, а сите домашни летови беа откажани во саботата.