Свлечиште се активираше повторно на патниот правец кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, на околу 100-150 метри пред самиот манастирски комплекс.
Свлечиштето од поголеми размери создава проблеми на одвивањето на сообраќајот, а општина Крива Паланка презема активности во најкритичниот дел за да се санира свлечената земја.
Надлежните препорачуваат да се користи „Руски пат“ односно новиот патен правец до манастирскиот комплекс.