Светските новинарски организации изразија солидарност со новинарите во Газа

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 30 новински организации ширум светот потпишаа писмо во кое изразуваат солидарност со новинарите во Газа, повикувајќи на нивната безбедност и слобода на известување во воената зона.

Loading...

Писмото, кое беше објавено, го води Комитетот за заштита на новинарите, во кој се вели дека најмалку 89 новинари и медиумски работници се убиени во војната меѓу Израел и Хамас, повеќето од нив Палестинци, пренесе АП.

Писмото е потпишано од Асошиетед прес, „Њу Јорк Тајмс“, „Вашингтон Пост“, „Лос Анџелес Тајмс“, Ројтерс, „Њујоркер“, Си-Ен-Ен, Ен-Би-Си Њуз и Еј-Би-Си Њуз.

Меѓу потписниците се BBC, Spiegel, AFP, Daily Maverick, Navaivakt Group и Asahi Shimbun.

Други организации се добредојдени да учествуваат, рече Џоди Гинсберг, извршен директор на Комитетот за заштита на новинарите.

„Сметавме дека е важно да покажеме дека меѓународната новинарска заедница е солидарна со нашите палестински колеги“, рече Гинсберг, пренесе Танјуг.

Во писмото се наведува дека новинарите се цивили и мора да бидат заштитени од израелските власти во согласност со меѓународното право.

Секој што ќе го прекрши ова треба да одговара, се вели во писмото.

Loading...

„Нападите врз новинарите се и напади врз вистината“, се наведува во писмото.