Светскиот пазар на паметни телефони забележа раст по две години

Сподели со своите пријатели

Во октомври, продажбата на паметни телефони на глобално ниво се зголеми за пет отсто на годишно ниво, за прв пат во последните 27 месеци, објави денеска агенцијата за истражување на пазарот Counterpoint од Хонг Конг.

Loading...

„Лидери на растот се пазарите во развој на Блискиот Исток и Африка, а растот беше поддржан и од враќањето на компанијата Huawei во Кина и почетокот на сезоната на годишни одмори во Индија“, се вели во соопштението, пренесува CNBC.

iPhone 15 на Apple се појави на пазарот на крајот на септември, а првите ефекти од продажбата се почувствуваа во октомври.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Хибридна војна“: Нов инцидент на Балтикот ги зголеми безбедносните стравови

Поразвиените пазари каде што има заситеност на пазарот на паметни телефони доживуваат побавно закрепнување, додава Counterpoint.

Врз основа на овие резултати, агенцијата очекува глобалниот пазар на паметни телефони да расте од година во година во четвртиот квартал од 2023 година и постепено да закрепнува во текот на следните квартали.