Под мотото „Здрав начин на живот за здрави бубрези“, Општинската организација на Црвениот Крст Куманово и Центарот за дијализа „Дијамед“ со поддршка на здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“,денеска на градскиот плоштад поделија информативни флаери,по повод Светскиот ден на бубрегот.
Кумановци имаа можност да се едуцираат за поврзаноста на бубрежните заболувања и прекумерната телесна тежина, а освен на градскиот плоштад слични активности денес има и на пункт поставен во населбата Карпош. Според претставници на „Дијамед“ бројот на бубрежно заболени лица во градот е во благ пораст.
Оваа недела е посветена на бубрежните заболувања, по централната манифестација во Скопје,денеска и во Куманово се реализираат активности за поддршка на здружението „Нефрон“. Во центарот за дијализа „Дијамед“ Македонија имаме над 60 пациенти,што е повеќе во однос на минатата година,затоа и здружението на болни од бубрежни заболувања води активна грижа за подигање на свеста кај граѓаните,уште пред да дојде до тој стадиум да се преземат мерки за да се спречи бројот на заболените“ – изјави Фросина Ефремовска од „Дијамед“..
Според прогнозите се очекува во наредните години,бројот на бубрежно болните да се искачи на 17 проценти од светското население. Кумановци се информираа дека луѓето со прекумерна тежина имаат два до седум пати поголем ризик да развијат краен стадиум на хронична бубрежна болест,во споредба со луѓето со нормална тежина.