Бритни Спирс и понатаму ќе биде под старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс, кој има старателство над неа веќе 13 години. Оваа одлука ја донесе судијката Бренда Пени, која го следи случајот на пејачката, откако Бритни поднесе барање да го отстрани својот татко како старател неколку дена откако јавно побара да биде ослободена.
Судијата, кој го водеше случајот пред Високиот суд во Лос Анџелес, во средата потпиша нова пресуда, која продолжува да му дава на таткото на пејачката Џејми Спирс контрола над нејзиниот живот. Дополнителни детали за тоа зошто донела таква одлука, сè уште не се објавени, иако наскоро се очекува да биде поднесена нова петиција за ослободување на Бритни Спирс.
View this post on Instagram
Неодамна, на 23 јуни оваа година, Спирс се најде на насловните страници низ целиот свет, откако конечно проговори после цели две години и побара да ги преземе контролите над своите финансии и живот, откако нејзиниот татко Џејми Спирс го правеше тоа 13 години. Нејзиниот адвокат Сем Ингам се очекува да поднесе барање за отстранување на функцијата старателство на Џејми, а судијката Пени рече дека ќе остави простор во дневникот за сослушување на кое старателството може да биде прекинато. Сепак, овој пат тоа не се случи.
Пред неколку дена, американската поп-ѕвезда и една од најпопуларните и најплатените артисти на сите времиња, Бритни Спирс првпат сведочеше на суд против нејзиниот татко. Пејачката пред судот изјави дека нејзиниот татко целосно ја контролира и дека тој „го сака тоа“, таа истакна дека има трауми поради тоа, и дека сака да преземе контрола над нејзиниот живот.
View this post on Instagram
Бритни откри дека нејзиниот татко се мешал во сите нејзини прашања, како на пример со кого се забавува и дека тој не и дозволувал да ги обои кујнските ормани, затоа што рекол дека овој вид реновирање ќе биде многу скап.
Да потсетиме, Џејми доби судска наредба во личните и деловните работи на неговата ќерка во 2008 година, откако Бритни беше хоспитализирана во ментална установа.
View this post on Instagram